Борби во комплекс во близина на Дамаск, поврзан со сириската програма за хемиско оружје

Од:

Борби избувнаа вчера во комплекс во близина на Дамаск, поврзан со сириската програма за хемиско оружје. Тоа се случи на третиот ден од офанзивата на владините војски за протерување на бунтовниците од главните реони на престолнината.

Борбите се водат во близина до Научно-истражувачкиот центар, што се наоѓа во подножјето на планината, во северното предградие Барзех, соопштија опозициски извори од Дамаск.

Барзех е едно од неколкуте работнички предградија, што се претворија во упоришта на бунтовничките сили.

Во Барзех во изминатите три дена беа убиени најмалку девет лица, а над 70 се повредени, главно како резултат на артилериска стрелба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија