Мекол: Бостонските бомбаши пред нападот биле на обука

Од:

Претседателот на американскиот Комитет за национална безбедност Мајкл Мекол денеска изјави оти верува дека осомничените за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон, браќата Џохар и Тамерлан Царнајев, биле на обука.

Мекол наведе дека експрес лонецот наполнет со клинци, како и софистицираноста на оружјето, покажува дека осомничените поминале обука.

Милитантите во Авганистан, во Индија и во Пакистан често користат рачно изработени бомби од експрес лонци, а јеменскиот огранок на Ал Каеда на интернет има објавено упатство за изработка на таква бомба.

Меколи посочи и дека мајката на осомничените имала „голема значајна улога“ во процесот на радикализација на синовите.

Доколкутаа се врати од Русија во САД ќе биде приведена на сослушување.

Џохар Царнајев (19) е обвинет за бомбашкиот напад од 15 април при што загинаа три лица, а 264 се повредени на целта на Бостонскиот маратон. Неговиот постар брат Тамерлан (26) беше убиен во престрелка со полицијата.

Би можело да ве интересира

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

ВИДЕО: Во куќа во Бостон пронајдени тела на четири новороденчиња, едното било во замрзнувач

Катерина Ѓуровски

Леброн Џејмс може да игра в петок против Бостон

А1он

Клиперс поведе против Денвер со 2-1, Бостон на победа од финалето на Истокот

А1он

Трамп: Смешна е одлуката за укинување на смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он