Римскиот напаѓач бил гневен на политичарите

Од:

Луиџи Преити, кој денеска пукаше пред пред зградата на владата во Рим и повреди три лица, призна дека бил гневен на политичарите.

Истражителот Пиерфилипо Лавиани истакна дека Преити ја признал вината и оти нема психички проблеми.

– Тој е човек со многу проблеми, изгубил работа, изгубил се и бил очаен. Тој планирал да пука врз политичарите, но бидејќи не можел да стигне до нив пукал врз карабинерите, истакна Лавиани.

Тој наведе дека напаѓачот на незаконски начин дошол до оружјето.

Претходно, новиот италијански министер за внатрешни работи Анџелино Алфано изјави дека пукањето пред зградата на Владата е „трагичен криминален гест на еден невработен човек“. Алфано наведе дека напаѓачот Луиџи Преити (49) планирал да изврши самоубиство по пукањето, но снемал куршуми.

Преити утрово стрелаше врз двајца карабинери на должност пред зградата на владата во Рим, додека премиерот Енрико Лета и членовите на новиот кабинет положуваа заклетва во претседателската палата, која е околу еден километар од местото на инцидентот.

Преити испукал шест до седум куршуми врз двајцата карабинери, кои се хоспитализирани и се во стабилна состојба. Трета жртва е еден бремена жена, која за време на пукањето шетала низ центарот на Рим. Таа е полесно повредена.

Алфано истакна дека тоа „може да се смета за изолиран инцидент“ и оти нема причина за загриженост за целокупната безбедност во Италија, но оти ќе бидат засилени безбедносните мерки на локации кои би можеле да бидат потенцијални мети на напад.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски