Пожар избувна во една од кулите на Светскиот трговски центар во главниот град на Нигерија, Абуџа. На снимките од местото на настанот се гледа густ чад што се издига од погорните катови на зградата.
Масивната кула, која сè уште е во изградба, е обвиена во оган и чад, а противпожарните служби се трудат да го скротат пожарот.
Засега не се појавија информации за потенцијални жртви, а компанијата која управува со објектот соопшти дека пожарот бил изгаснат пред да предизвика значителна штета. Според локалните медиуми повикувајќи се на очевидци, пожарот најверојатно бил предизвикан од краток спој во градежната опрема.
World Trade Center Abuja currently on fire #FCT #uefa Man U #Abujatwittercommunity pic.twitter.com/OsaEICDCur
— call me drizzy (@Neldrizzy_) July 13, 2020
Развојот на Светскиот трговски центар започна уште во 2010 година, а масивниот проект првично беше планиран да заврши во 2013 година. Комплексот кој се проценува дека чини околу 1 милијарда американски долари, беше дизајниран да опфати шест кули, трговски центар и хотел, но тој и денес е во фаза на изградба.