Француските власти соопштија дека над Јадранското море се изгуби трага на едно летало, со која управувал 66-годишен Британец.
Авионот од видот „тобаго“, во кој се наоѓал само пилотот, завчера полетал од Кан, кон градот Салерн, на југот на Италија.
Последните радарски сигнали покажале дека авионот се наоѓа на околу 50 километри јужно од Кан.
И покрај напорите, спасувачката екипа не успеала да ги пронајде леталото и пилотот, соопштија француските и италијански поморски власти.
Во потрагата е вклучен и брод на спасувачка служба, а француското обвинителско започна истрага за овој случај.
Елена Георгиевска