Перформанс „Зошто“ на Спасе Перовски во Младинскиот парк во Велес

Од:

Во Младинскиот парк во Велес синоќа беше претставен перформансот-изложба „Зошто“ на ликовниот уметник Спасе Перовски, на кој беа изложени примероци од дневeн весник, изданија од септември-декември 2016, 91 прашање и 91 примерок од книгата „Зошто“, отпечатена во 2020 година, како линија во отворен простор долга 27,3 метри.

Авторот Перовски за МИА изјави дека била многу комплексна идејата и дека настанала во изборната 2016 година, а симболично ја реализира по четири гоидини, два дена пред одржување на нови парламентарни избори.

Вели дека е комплексен проект затоа што опфаќа информации достапни до консументите од три медиуми – „Слободен печат“, кој и самиот е интегрален дел на делото како визуелна форма и контекст на информацијата, и телевизиите Телма и Сител – медиуми кои ги користи во информациите коишто се во прилог на прашањето.

– Ова не е политички проект туку ликовно дело кое има директна врска со еден изборен циклус. Делото го реализирав три месеци пред парламентарните избори во 2016 година, а завршува два дена пред тогашните избори. Практично, секој ден во 18 часот во Младински парк – Велес, отпечатено на А4 формат бела хартија. Поставував прашање кое во текот на реализацијата опфаќа две проблематики и тоа: култура и влијанието на општествено – политичката состојба врз неа низ погледот на уметникот и тогашната политичка сосотојба со целото влијание врз неговата уметност, егзистенција интегритет и семејство, појасни Перовски.

Создавањето на ова дело, вели, од него барало многу сила и големо ангажирање со време, информации и датирање на ликовност во него, во јазична и визуелна смисла.

Од книгата отпечатил 300, а изложил 91 примерок, а присутната публика можеше да си земе книга како подарок од авторот.

– Пораката на перформансот е секој да го најде човекот во себе, потенцираше Перовски.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска