Анџелино Алфано: Инцидентот во Рим е трагичен гест на невработен човек

Од:

Новиот италијански министер за внатрешни работи Анџелино Алфано изјави дека пукањето пред зградата на Владата, при што се повредени двајца карабинери, е „трагичен криминален гест на еден невработен човек“.

Алфано наведе дека напаѓачот Луиџи Преити (49) планирал да изврши самоубиство по пукањето, но снемал куршуми.

Преити утрово истрела шест куршуми врз двајца карабинери на должност пред зградата на владата во Рим, додека премиерот Енрико Лета и членовите на новиот кабинет положуваа заклетва во претседателската палата, која е околу еден километар од местото на инцидентот.

Преити испукал шест до седум куршуми врз двајцата карабинери, кои се хоспитализирани и се во стабилна состојба. Трета жртва е еден бремена жена, која за време на пукањето шетала низ центарот на Рим. Таа е полесно повредена.

Алфано истакна дека тоа „може да се смета за изолиран инцидент“ и оти нема причина за загриженост за целокупната безбедност во Италија, но оти ќе бидат засилени безбедносните мерки на локации кои би можеле да бидат потенцијални мети на напад.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски