Помнењето може да се подобри со едноставно стискање тупаница, тврдат американски психолози, пренесува Би-Би-Си. Стисната десна дланка во тупаница на 90 секунди помага во формирање меморија, а истото движење со левата дланка помага во нејзиното повикување, соопштија научниците од Универзитетот Монтклер во Њу Џерси.
Испитувањето е спроведено врз 50 возрасни лица кои многу подобро ги помнеле зборовите од долгиот список на поими кога притоа ја стискале дланката во тупаница. Научникот Рут Пропер вели дека стискањето на дланката активира посебни регии во мозокот, кои се поврзани со процесуирање на помнењето.
Претходно направените истражувања покажале дека стискањето на дланката ја активира левата регија на мозокот, а левата дланка десната регија. Во процесот на помнење се користат двете мозочни регии, левата за складирање на информации, а десната за нејзино активирање.