Поранешниот тренер на Барселона, Гвардиола е прогласен за најдобар фудбалски тренер на светот во последните пет години, според изборот на германскиот неделник „Sport Bild“.
Во четири години Гвардиола има освоени 14 трофеи, а под негово водство Меси три пати по ред е прогласуван за најдобар фудбалер на светот.
На второто и третото место според „Sport Bild“ се наоѓаат тренерот на Реал Мадрид, Мурињо и селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Висенте дел Боске.