Вкупно активни 3.486 случаи на Ковид-19, не се очекува поголем наплив во болниците

Од:

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.197 лица, од кои моментално активни се 3.486, откако вчера беа регистрирани 88 нови случаи од вкупно направени 973 тестирања.

Најголем број активни има во Скопје – 1 788 лица, потоа Куманово – 194 и Дебар – 151.

Од скопските општини со најголем број на активни случаи е Чаир – 302, потоа Аеродром – 162 и Бутел -135.

Министерот за здравство не очекува поголем наплив на пациенти во болниците и нагласи дека трендовите се уште се во насока на приближно ист процент на новодијагностицирани од вкупниот број тестови и ист процентот на хоспитализирани пациенти од вкупниот број на новодијагностицирани.

– Капацитетот во болниците се менаџира добро и во однос на кадарот со ротација и во однос на слободни кревети, информираше вчера министерот при посетата на Здравствениот дом во Свети Николе.

Во текот на изминатите 24 часа оздравени се 123 лица, со што бројката на досега оздравени пациенти е 4.326, додека починати се три лица, со што вкупната бројка на починати е 385.

Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 52 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.

Во 16 општини ќе се формираат регионални „Ковид – центри“, во рамки на подготовките за евентуален есенски бран на КОВИД-19. Целта е да се обезбеди соодветен третман и тријажа на пациенти позитивни или сомнителни на КОВИД-19 без притоа да се компромитира редовното работење на болниците и здравјето на другите пациенти.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, пет деца позитивни и едно дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 88 пациенти, во болницата во Битола – 28, а во болницата во Штип – 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски