Регистриран најголемиот месечен буџетски дефицит во историјата на САД

Од:

Владата на САД регистрираше најголем месечен буџетски дефицит во историјата бидејќи трошоците за антикорона-програми се зголемија, а приходите од даноци се намалија, бидејќи многу луѓе ги загубија своите работни места.

Министерството за финансии на САД денеска соопшти дека дефицитот минатиот месец изнесувал 864 милијарди долари и е најголем во историјата на оваа држава, додека во април дефицитот бил 738 милијарди долари. За првите девет месеци вкупниот дефицит е 2,74 илјади милијарди што е исто така рекорд за ваков период.

Со тие податоци, конгресниот буџетски комитет предвидува дека годишниот дефицит ќе достигне 3,7 илјади милијарди долари. Таа сума ќе го надмине претходниот најголем годишен дефицит од 2009 година, што беше 1,4 илјади милијарди долари поради Светската економска криза.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија