Обвинителството бара казни од по 2.000 евра за девет скопјани кои не почитувале полициски час

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека поднело девет предлози за издавање казнени налози против вкупно 13 лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не го почитувале полицискиот час кој бил во сила, односно биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Основното јавно обвинителство Скопје на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за сите обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Изминатиот викенд полицијата напиша 1.711 казни

Хаос во Кичево: Во еден ден казнети дури 86 возачи за сторени сообраќајни прекршоци

Стојкоски: Ќе има кривична одговорност доколку некој несовесно врши угостителска дејност

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес