Десет минути по полноќ, во Тетово на улица „ЈНА“ Н.С. (19) од Тетово, бил нападнат од пет – шест непознати лица. Додека се движел одзади бил фатен од едно лице во пределот на вратот и соборен на земја, а останатите започнале да го удираат по главата и телото, по што избегале.
Оштетениот побарал лекарска помош во Клиничката болница Тетово, каде покрај повредите во вид на отоци и црвенило, констатирана му е расекотина на десното рамо нанесена од остар предмет.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.