Воведени три нови типови инсулин со сертификат за квалитет, кои не се од паралелен увоз

Од:

Во изминатиот период се направени суштински реформи во здравствениот систем за обезбедување најквалитетен третман за пациентите со дијабетес мелитус и други ендокринолошки заболувања, соопшти Министерството за здравство.

Воведени се три нови типови на инсулин – два инсулински аналога, инјектибилни и таблетарни. Сите пациенти со дијабетес сега добиваат оригинални инсулини со сертификат за квалитет, којшто не е од паралелен увоз. Дополнително, се набавени и 10 инсулински пумпи.

Во буџетот за годинава се обезбедени 750 милиони денари за набавка на инсулини, инсулински игли, глукагон, ленти за мерење шеќер и пумпи за континуирано снабдување на инсулин. За споредба, во 2018 година буџетот изнесувал 650 милиони денари, а во 2019 година – 692 милиони денари, што покажува котинуиран раст на средствата во буџетот за третман на пациентите со дијабетес.

Паралелно со тоа, на Клиниката за ендокринологија е набавена нова медицинска опрема, како и нов најсовремен ехотомографски апарат за преглед на тироидна жлезда и обновен e офталмолошкиот кабинет, кој е збогатен со нови софистицирани апарати за навремена дијагностика и лекување на офталмолошките компликации на дијабетесот, велат од МЗ.

Би можело да ве интересира

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска