Абас најави преговори за влада со Хамас

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас најави почеток на преговори со ривалските фракции, вклучувајќи го исламистичкиот Хамас, поради формирање на влада на национално единство, после низа години внатрешни поделби.

Но портпаролот на Хамас, Сами Абу Зухри изјави дека Абас не се консултирал со Хамас и оти за тоа дознале од медиумите. Партијата на Абас, Фатах, води долга борба за власт со Хамас, што кулминираше кон средината на 2007 година, кога Хамас насила ја презеде контролата над Појасот Газа, победувајќи ги силите лојални на Фатах.

Сите претходни обиди за помирување со посредство на Египет не вродија со плод, бидејќи двете страни не можеа да се договорат за односот кон судирот со Израел. Хамас во својата Повелба повикува на уништување на Израел, додека секуларниот, поумерен Фатахсе залага за преговори со цел да се создаде независна палестинска држава.

Потребата за формирање нова влада поттикната е од неодамнешната оставка на палестинскиот премиер Салам Фајад, кој ја уживаше поддршката на Западот, а Хамас му се противеше, поради што Абас сега повикува на создавање влада на национално единство.

Абас, преку официјалната палестинска новинска агенција WAFA објави соопштение, во кое апелира на соработка со неговите напори за формирање таква влада, која би ги подготвила претседателските и парламентарните избори.

Иако Хамас и Фатах потпишаа спогодба за помирување во 2011 година, таа никогаш не заживеа, бидејќи политичките разлики не се надминати.

Би можело да ве интересира

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Голем ракетен напад врз Тел Авив: Хамас објави дека е одмазда за убиството на цивили

Предраг Петровиќ

Борел: Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас

Горан Наумовски

Палестина повторно испрати барање до Советот за безбедност за прием во ОН

Песков: Русија ја признава државата Палестина

Полска објави дека поддржува решение со две држави за Израел и Палестинците