Приведени лица од Ерџелија, едниот собирал списоци на гласачи за да не оди во затвор

Од:

Утринава полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и полициската станица при ОВР Свети Николе заедно со полициски службеници од СВР Штип при Бирото за јавна безбедност извршиле  претрес кај четири лица од селото Ерџелија.

Сомнежите се дека едниот од нив правел списоци со гласачи кои треба да гласаат за одредена политичка партија, за да ја избегне затворската казна, а списоците ги предавал во партијата.

Кај еден од нив биле пронајдени 4000 денари и пропаганден материјал од политичка партија, додека кај неговите родители со кои живее во заедница пронајдени се 60.000 денари во апоени од по 2000 денари. Кај другиот биле пронајдени 3500 евра и пропаганден материјал од политичка партија, а кај третото лице 10.000 денари и исто така пропаганден материјал.

При претресот во едно возило паркирано во двор пронајден бил список на 20 лица.

„Во врска со пронајдениот список повикано е лицето Б. Т. и истиот при разговор признал дека во месец мај од страна на СВР Штип му била поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ, по што истиот се обратил кај С.И., а тој му ветил дека ќе му помогне доколку тој обезбеди 20 гласачи за политичката партија. По ова ветување, Б.Т., направил список, разговарал со лицата од списокот и ги убедил истите да гласаат за оваа партија за да му помогнат да не оди во затвор“, стои во соопштението на МВР.

Двајцата списокот на потенцијалните гласачи го предале во политичката партија.

„Извршена е консултација со ОЈО Свети Николе, по што дадени се насоки сите наведени лица да се лишат од слобода, да се изврши разговор со сите лица на списокот, како и со други лица кои се поврзани со наведените, да се провери потеклото на парите и пропагандниот материјал. По извршените проверки и дадениот исказ на Б. Т. пред јавен обвинител во Свети Николе е констатирано дека постои кривично дело по член 162 ст.1 од КЗ и дадени беа насоки да се извршат консултации со надлежното основно јавно обвинителство во Штип, по што беше констатирано истото кривично дело. С.И. е задржан во полициска станица“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он