Србија воведува државна матура за матурантите

Од:

Приемните испити за запишување факултет во Србија ќе бидат заменети со полагање државна матура. Матурантите ќе полагаат во зависност од тоа какво училиште завршиле. Доколку сакаат да ги зголемат своите шанси за запишување на факултет, можат да полагаат и дополнителни предмети.

Процесот на воведување нов концепт при полагањето државна матура ќе биде реализиран во пет фази од учебната 2014-2015 до 2018-2019 година. Министерството за образование го создаде „Нацрт документот за испити за завршено средно образование“ и веќе во мај треба ќе влезе во собраниска процедура. Доколку пратениците ја прифатат измената на законот, првата комплетна државна матура ќе полагаат денешните седмоодделенци во 2018 година.

До почетокот на 2016-2017 година се очекува Министерството за образование на Србија да донесе програма за полагање завршен испит за средното стручно образование, а до стартот на 2017-2018 година програми за општа, стручна и уметничка матура. На крајот на таа учебна година би се полагала и матурата. Според овој предлог, сите тестови кои учениците ќе ги полагаат ќе бидат засновани на образовни стандарди и дефинирани на три нивоа на достигнување – основно, средно и напредно.

Во првата учебна година, кога се работи за општата матура, ќе се полагаат српски јазик и математика, за кои се бара основно познавање на предметите. За тие што ќе полагаат стручна матура, од нив ќе се бара да ги поминат основите на српскиот јазик и посебен стручен дел. За оние пак кои се одлучиле за уметничка матура, исто така, ќе полагаат мајчин јазик и уметнички дел.

Во втората фаза, на општата матура, ќе се бара основни ниво на српски јазик и математика, а изборни предмети ќе бидат историја, биологија, географија, физика и хемија. На стручната матура покрај стручен дел, неопходно е основно познавање на мајчиниот јазик. Притоа, се додаваат и листа на изборни и стручни предмети.

Веќе во третата фаза, се зголемуваат условите за полагање. За општата матура ќе се воведе средно ниво за еден од задолжителните предмети (српски јазик или математика). Основно ниво ќе биде потребно само за изборните предмети. За стручната и уметничката матура и понатаму ќе важат истите правила – основно ниво за сите предмети.

Во четвртата фаза, се воведува листа на нови предмети. Шест задолжителни изборни предмети за кои ќе биде потребно средно ниво на знаење.

Во учебната 2018-2019 година е предвидено спроведување на државната матура во полн обем. Тоа значи дека учениците кои ќе полагаат општа матура, ќе мораат да ги исполнат следниве обврски: полагање 4 испити, два на средно ниво, а за изборните предмети е предвидено основно ниво. Ќе постојат листи од 10 задолжителни предмети од кои идните студенти ќе мора да одбираат, како и изборни предмети.

Србија е поделена во мислењата за воведување државна матура при упис на факултет. Јавноста на социјалните мрежи го искажува својот гнев да не се донесе ваква одлука, за која како што велат, ниту денешните професори не би можеле да ја поминат државната матура. Од друга страна, колумнисти во српските весници пишуваат дека со воведувањето државна матура ќе се среди хаосот во високото образование и нема да биде во можност секој да се запише на студии.

Матурантите во Македонија полагаат државна матура веќе 8 години

Македонија, пак, ја воведе државната матура во 2005 година. Истата во два наврати претрпе низа промени и надополнувања. Во Македонија државната матура се состои од три дела: задолжителен дел, односно полагање на македонски јазик и избор меѓу прв странски јазик и математика, два изборни предмети и проектна задача. Во повеќе наврати учениците протестираа против одлуката на Министерството за образование за полагање матура. Пробната матура во 2008 година покажа поразителни резултати на матурантите. Првото полагање државна матура се случи во 2009 година. Континуирано низ годините наназад, учениците најголем проблем имаат со полагање на предметот математика.

Петар Клинчарски

 

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор