Силјановска-Давкова: Веднаш ќе ги зголемиме платите на лекарите и медицинскиот персонал за 50%

Од:

Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 1 проф. Др. Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со здравствените работници, на која рече дека нејзината партија ќе ги зголеми платите на лекарите и здравствените работници, веднаш по формирањето на новата влада.

“Туку што заврши средбата со 30 лекари и лекарки и друг персонал. Искрено им завидувам. Посакувам државата да се однесува кон нив како тие кон нас. Тоа се моите хероини и херои. Мислам дека она што е вградено во Обновата во сферата на здравството во голем дел е нивен предлог. Посакував да се оствари идејата за клинички центар. Сигурно ќе беше веќе готов. Наместо да се дислоцира, во наводници, не знаеме каде, далеку од градот, иако секаде клиничките центри се во најстрогиот центар за да им бидат достапни на сите. Мислам дека целосно во ред е одредбата од обновата. На почетокот на мандатот да се зголемат платите за 50 проценти на лекарите и на медицинскиот персонал. Тоа е не само заслуга за надчовечките напори што ги направија туку тоа е и логичен чекор за да се сочуваат оние кој што се најкомпетитивни да не одат надвор”, рече Силјановска.

Би можело да ве интересира

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст и вечна љубов кон уметноста

А1он

Силјановска Давкова: Каква држава ќе создадемe, таква држава ќе имаме

А1он

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив