Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека верува дека Италија денеска конечно ќе добие нова влада, која ќе биде составена од претставници од широка коалиција.
Берлускони потенцираше дека тој не би учествувал во влада предводена од лидерот на левиот центар Енрико Лета.
Лета е новиот мандатар за состав на влада, но за да стане премиер на неговата Демократска левица, неопходна му е поддршката од коалицијата на десницата, предводена од Берлускони.
На оваа тема Лета и Берлускони разговараа два часа. Политичката криза во Италија трае од изборите, одржани во февруари.
Партиите од тогаш се обидуваат да формираат нова влада, но сите досегашни обидо пропаднаа.