(ВИДЕО) Јанушев не кажува дали ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со ДУИ: Партнерот ќе зависи од изборниот резултат

Од:

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, очекува победнички изборен резултат и мандат за формирање Влада, изјави генералниот секретар на партијата Игор Јанушев во интервју за „А1он“, но не одговори дали нивниот партнер во власта повторно би бил ДУИ. Јанушев вели дека изборот на партнер од албанскиот блок ќе зависи од изборниот резултат.

„Оној што ќе биде партнер во власта со нас ќе треба да ја прифати нашата пограма тоа е прво што ќе го побараме од сите партии. Изборот на коалициониот партнер сепак ќе зависи од изборниот резултат. Кој ќе биде и со кого, ќе видиме за неполна една недела кога ќе започнат и разговорите со партиите“, рече Јанушев за „А1он“.

Според изнесеното на Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ за сега нема јасен став околу Преспанскиот договор кој партијата до пред неколку месеци го нарекуваше предавнички и срамен договор. Генералниот секретар на партијата вели дека тие како партија не се откажуваат од борбата за македонскиот национален идентитет , но не кажа конкретно што ќе превземат по оваа прашање.

„Дали ќе има промена и каква промена буквално сега нема жив човек што ќе ви даде одговор. Наше е како ВМРО-ДПМНЕ да ја продолжиме таа битка, бидејќи секогаш сме биле на браникот на татковината. Како што ја водевме кога Заев и неговите ги правеа сите овие предавства ќе ја продолжиме и сега. Ако порано се бореле со пушки и пиштоли, ние сега имаме друга борба преку демократските капацитети на институциите дома и во странство. Дали таа борба ќе доживее плод по пет, по десет години, шест месеци или 50 години тоа само историјата може да го покаже “, изјави Јанушев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166

Митева: Итна реакција од сите надлежни институции за скандалозното однесување на Дехари