„Дрекслмајер“: Ги преземаме сите мерки против Ковид-19, тројцата заразени работници не се поврзани меѓу себе

Од:

Ги преземаме сите мерки против коронавирус, тројцата заразени работници не се поврзани меѓу себе, изјавија денеска за МИА од германската фабрика „Дрекслмајер“, по информациите дека трет работник од компанијата е позитивен на вирусот Ковид-19.

– Постојано сме во контакт со епидемиологот и надлежните институции, сите мерки пропишани од надлежните се преземаат во работната околина, плус дополнителни мерки за превенција и заштита. Ние дури проверуваме и дали работниците кои се во самоизолација ги почитуваат препораките, се со цел да не се движат наоколу и несакајќи да бидат ризик за другите, појаснија од фабриката со околу шест илјади вработени од повеќе општини, најголем работодавач во државата.

Оттаму нагласија дека сите од работното опкружување на работникот, трет случај позитивен на вирусот, се испратени во двонеделна самоизолација. Посочија дека просториите редовно се дезинфицираат и се носи заштитна опрема. Сите три случаи не биле поврзани меѓу себе и најверојатно се заразиле во нивното приватно опкружување.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски