Уапсени двајца менаџери на бангладешката урната фабрика

Од:

Два менаџера на фабриката денеска се уапсени во Бангладеш, 72 часа по уривањето на зградата каде се шиеше евтина облека за западните брендови, додека бројот на жртвите порасна на 325, а гневните работници протестираа на улиците на Дака.

Сопственикот на осумкатната зграда, која се урна врз повеќе од 3.000 работници, се уште е во бегство.

Зградата Рана Плаза, која се наоѓа во предградие на Дака, била изградена без дозвола и работниците биле пуштени во зградата иако претходниот ден имало предупредување дека објектот не е безбеден.

Гневот поради условите во кои работаат 3,6 милиони шивачи во Бангладеш, од кои поголемиот број жени, предизвика протести и судири со полицијата. Стотици луѓе утрово повторно излегоа на улиците, каде уништуваат и палат автомобили.

Спасувачите утрово извлекоа седум луѓе од под урнатините, а во тек е спасувачка операција за уште 15 лица заробени под бетонот. Досега се спасени околу 2.500 луѓе, а половина од нив не се повредени.

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници