Државјаните на Србија, Црна Гора, БиХ и Косово од утре во Македонија само со негативен ПЦР тест, одлучи Владата

Од:

Владата на Република Северна Македонија на 75-тата седница што се одржа денеска, донесе дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид-19, со која од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на Република Северна Македонија, ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2, направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја и да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот, соопшти Владата вечерва.

Одлуката стапува на сила од утре, 9 јули.

Со ова се официјализираат најавите од властите дека за државјаните на овие земји ќе стапат рестрикции до кои е дојдено преку анализа на епидемиолошката состојба во соседството.

Министерот за здравство Венко Филипче денес изјави дека одлуката се носи за да се заштитиме од увозни носители на коронавирусот, со оглед на тоа дека тој е „многу пораспространет во овие земји отколку кај нас.“

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски