ВИДЕО: Голем протест и во Нови Сад, демонстрантите ја скршија вратата на РТВ Војводина

Од:

Масовен протест се одржува вечерва и во Нови Сад, каде граѓаните излегоа на улиците во 18:00 часот за да го изразат својот револт поради мерките на владата за справување со епидемијата, но и генерално против власта на Александар Вучиќ и неговата Српска напредна странка.

Според првичните информации, дел од групата на демонстранти заминала пред зградата на државната РТВ Војводина и ги искршила влезните врати на медиумот, каде едно лице било повредено, а повикана била и итна помош.

Претходно, демонстрантите фрлија три молотови коктели на Градската куќа, а внатре во објектот беше забележано присуство на полициски службеници, но тие не интервенираа. Исто така, демонстрантите го вандализираа и штабот на партијата „Српска напредна странка“.

На собирот во Нови Сад, забележани се припадници на повеќе политички опции кои имале недоразбирања околу мотивот за протестите како и за тоа кој прв треба да се обрати пред граѓаните. Припадниците од српската десница се забележани со знамиња на Косово, додека левичарите истакнаа транспарент со натпис „Вие нас со пендреци, ние вас со револуција“.

Насобраните граѓани бараат оставка на Кризниот штаб и како што велат тие, „ја бараат вистината“.

Би можело да ве интересира

Започна осмиот по ред протест „Србија против насилството“

ВИДЕО: Српската опозиција призна дека објавувале и лажни фотографии со поголема посетеност

ВИДЕО: Први инциденти на протестот на опозицијата во Белград

Предраг Петровиќ

Продолжуваат протестите во Србија

А1он

Брнабиќ: Државата е силна, институциите работат, насилството нема да победи

Ана Ололовска

Заврши протестот во Нови Сад, во Белград засега мирни демонстрации

А1он