Бројни полициски сили со опрема за разбивање демонстрации се поставени околу зградата на српското Собрание. Забележано е присуство на полицајци на коњи и специјална единица со кучиња, како и неколку полициски возила.
Неколку десетици полицајци со идентична опрема се распоредени во близина на зградата на „РТС“. Како што објави известувачот на „Н1“, пред влезот на Собранието се наоѓа група на луѓе која доаѓа во поголем обем од паркот Пионир. Полицијата веќе е подготвена со поставена железна ограда и шпалир од припадници на специјалните сили, сместена од страна и пред влезот во Собранието.
Друг дел од полициските сили се наоѓа во Пионерскиот парк, кон зградата на Претседателството на Србија, каде што има и околу стотина полицајци со целосна опрема, јавува известувачот на „Н1“. Луѓето кои се веќе пристигнати изјавуваат дека не се дел од никаква политичка опција и дека на социјалните мрежи слушнале за закажаниот протест и одлучиле да видат за што станува збор.