Властите во Шпанија за да го спречат ширењето на смртоносниот коронавирус дадоа наредба за затворање на десетици плажи поради големиот број посетители за време на викендот.
Речиси 30 плажи во Коста дел Сол беа затворени во неделата, а плажите во Малага беа принудени да го редуцираат бројот на посетители, за да се одржи социјалната дистанца. Околу 55 плажи во Андалузија се затворени, додека во Кадиз е затворена една плажа поради големиот број на посетители.
Поради пораст на бројот на новозаразени лица со Ковид-19 повторно е воведен карантин за време на викендот во Галиција и Каталонија. Се очекува влошување на ситуацијата со епидемијата поради пораст на бројот на странски туристи. Шпанија, која ја посетуваат околу 80 милиони туристи годишно е втора земја по посетеност, по Франција.
Во Шпанија вкупно 299.210 лица се заразени со коронавирус, од кои 28.392 починале.