Бразилецот Бруно Кутињо, случајно се погодил со харпун во глава, но за среќа преживеа и нема оштетување на мозок, пренесе „Sky News“.
Несреќата се случила додека ја чистел подводната пушка во својот дом, во Петрополис, кога случајно го повлекол чкрапалото, по што метален харпун долг 15 сантиметри поминал низ неговото лево око и мозок.
По инцидентот тој успеал да ги повика соседите, кои го пренеле во болницата „Санта Тереза“, каде што му се извршени две хируршки интервенции.
Операциите траеале повеќе часови, но харпунот успешно е изваден од неговата глава.
Главниот неврохирург во болницата „Санта Тереза“, Орландо Марија изјави дека Кутињо имал голема среќа, бидејќи харпунот за неколку милиметри ја промашил главната артерија.
Кутињо го изгуби видот на левото око, но освен тоа не претрпе поголеми последици и наскоро ќе биде пуштен на домашно лекување.
Елена Георгиевска