Лидерот на српската опозициска Народна партија, Вук Јеремиќ, дојде пред Собранието за да им се придружи на демонстрантите, но тие штом го забележаа вербално го нападнаа и бараа да си замине.
„И вие не водите во пропаст“, му дофрли една од демонстрантите.
Е кад народ буде пратио све политичаре овако као Вука Јеремићао то ће бити то !!! Покушавају да се инфилтришу и искористе ваш бес, прц, еее можее !
Posted by Ljubiša Preletačević Beli on Среда, 08 јули 2020
Демонстрантите со сета сила скандираа „Оди си“, а еден од нив дури и го удри по главата додека тој понижено се оддалечуваше од насобраниот народ.
Кога слезе на платото пред Собранието, го дочекаа неколку граѓани кои жестоко го критикуваа, а една демонстрантка му го покажа средниот прст.
„Вие го донесовте овој на власт. Сега собирате почести! Не дојдовте овде долу со нас, туку се качивте горе на скалите“, му рече демонстрантката.
Друг демонстрант му дофрли „Оди во Америка да лижеш задници“.
Јеремиќ не ја испушти приликата да се фотографира на вчерашниот протест. Фотографиите ги сподели на неговот официјален Твитер профил, со коментар „Почна“.
Počelo je. pic.twitter.com/fGo0F1TJ4Y
— Vuk Jeremić (@jeremic_vuk) July 7, 2020