Најмалку девет лица, од нив четири деца, загинаа во ненадејни поплави на северот во Турција. 21 лице се повредени.
Поројниот дожд предизвика излевање на реката од коритото и поплави куќи и продавници во Самсун.
Две братчиња, на возраст од година и пет години, и еден возрасен човек и неговите два сина, на возраст од 9 и 16 години, се удавија кога водата почна да навлегува во нивните домови.