ВМРО-ДПМНЕ: Само талибанците рушат споменици

Од:

Во светот само талибанците се познати по рушење на споменици и објекти од културата, a СДСМ од ден на ден се повеќе наликува на талибанците, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на реакцијата на Советот за култура на СДСМ.

„Советот за култура на СДСМ, но и СДСМ како политичка партија, упорно бегаат да одговорат на прашањето каде одеа парите и зошто ништо не се градеше кога СДСМ беше на власт? Овие луѓе се една група на манипулатори, најблиски соработници на Бранко Црвенковски, кои 15 години владееја со Република Македонија, затвораа фабрики, намалуваа пезнии, отпуштаа луѓе од работа и ниту еден проект не изградија. Денес оваа група на неработници, самопрогласени во т.н. Совет за култура на СДСМ се дрзнуваат да критикуваат дека се гради и инвестира“, се наведува во соопштението.

Владејачката партија вели дека СДСМ се плаши оти нема инструмент за манипулација, откако за проектот „Скопје 2014“ биле објавени сите документи, сите постапки и сите процедури.

„ВМРО-ДПМНЕ нема намера да подлегне на притисокот од корумпирани и анационални политичари кои се плеткаат во врвот на СДСМ. Ние и понатаму ќе продолжиме да градиме училишта, да даваме субвенции за земјоделците, да набавуваме нова медицинска апаратура за болниците, да инвестираме во достапноста на образованието за секој граѓанин, да градиме патишта и да создаваме дела. СДСМ нека продолжи да живее во својот конфликтен и негаторски филм, зошто само тоа и го знае“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција