Сите заинтересирани поединци и организации од областа на културата кои сакаат да се претстават пред тетовската публика имаат можност да поднесат барање до Националната Установа „Уметничка Галерија Тетово“ каде во текот на 2021 година би можеле да се организираат изложба или слично претставување. Повикот на Галеријата е отворен од утре до 22 јули, велат од Галеријата.
– Ги покануваме сите професионални уметници од визуелната уметност, граѓански здруженија, локални институции кои се заинитересирани за реализација на проекти од областа на културата и уметноста за 2020 година да конкурираат од 8 до 22 јули. Сите заинтересирани треба да достават соодветни материјали кои се предмет на изложбата, информираат од Уметничката Галерија Тетово.