По испратената протестна нота до Србија, министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ ја повика денеска на итни консултации амбасадорката на БиХ во Белград.
Амбасадорката Алма Смајиќ е повикана на консултации во Сараево во врска со изречената првостепена пресуда на Вишиот суд во Белград за државјанинот на БиХ, Хусеин Мујановиќ, кој е осуден на 10 години затвор за воени злосторства врз Срби. Претходно, министерката Турковиќ испрати протестна нота до Србија и писмо до највисоките претставници на Европската Унија по истиот повод.
Во меѓувреме, претседавачот со Претседателството на БиХ, Шефик Џеферовиќ го повика српскиот амбасадор во Сараево на итен состанок. Мујановиќ е осуден за воени злосторства врз Срби кои се наоѓале во воен затвор во близина на Сараево.