Од утре бесплатни превентивни прегледи за населението

Од:

Министерството за здравство во соработка со Здравствен дом Скопје и Институтот за белодробни заболувања од утре ќе почне со бесплатни превентивни прегледи на населението во целата држава.
Посебен акцент ќе биде ставен на населението од руралните средини.

-Прегледите ќе се вршат во специјално подготвено возило што ќе биде поставено во 52 рурални општини од кои 4 во скопско, изјави на денешната прес – конференција министерот Тодоров.

Интерес кај населението постои. Тоа го покажува искуството од минатата година, кога помош од овие пункови побарале повеќе од 15.000 граѓани.

Јованка Костовска од Секторот за превентивна здравствена заштита, пак, посочи дека населението е заинтересирано за ваквите прегледи, бидејќи луѓето лесно добиваат резултати од нив, но и информации за тоа како да се грижат за нивното здравје.

– Со овие прегледи ќе се откријат и ризик факторите за кардиоваскуларни заболувања. Резултатите од овие испитувања ќе бидат запишувани во посебни образци кои потоа ќе бидат анализирани. Позитивните наоди ќе бидат упатувани кај матичен лекар за дополнителни испитувања, рече Костовска.

Според трите институции кои меѓусебно соработуваат, ваквите превентивни прегледи му се повеќе од потребни на населението.

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството