Во Шведска денеска стапија во сила построги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти поради новиот коронавирус.
Минималната оддалеченот од еден метар помеѓу масите, што претходно беше препорака за баровите, кафулињата и рестораните од денеска е правило, а локалните власти ќе имаат право да го затворат објектот во кој не се почитуваат мерките.
Дел од угостителските објекти во Шведска и претходно ја почитуваа препораката за два метра дистанца, додека дел беа обвинети дека не се трудат доволно. Инспекторите во поголемите градови утврдија пропусти и побараа привремено затворање на околу 40 угостителски објекти.