• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Над 50 проценти од скопјаните користат сопствен автомобил како основно средство за превоз

by А1он07/07/2020 - 12:05252
Share0

Најголем дел од еколошкиот отпечаток кој се должи на транспортот произлегува од користењето на приватни автомобили. Според анкетата спроведена на граѓаните од град Скопје, 56,65 отсто користат сопствени автомобили како основно средство за превоз до секојдневните дестинации. Како резултат на возењето во такви услови на голем сообраќаен метеж, согорувањето на горивата е поголемо и на тој начин драстично се зголемува создавањето на стакленички гасови меѓу кои е CO2.

Добивај вести на вибер

Како што e објавено во билтенот на веб страницата на Град Скопје – zivotnasredina.skopje.gov.mk, споделување на возило за работа со колегите може да ни помогне да го избегнеме скопското секојдневие: многу возила, сообраќаен хаос и нервоза, а во повеќето возила има само по едно лице.

-Ако наместо да одите сами на работа, го споделите возилото со уште двајца-тројца колеги, со користење на соодветна заштита во овој период, бројот на возила на улиците ќе се намали за една третина. Колку полесно ќе се движиме низ градот тогаш, нели. Погледнете дали вашиот работодавец ќе ви овозможи да работите од дома еден ден во неделата – така на годишно ниво ќе ги намалите своите емисии на јаглерод диоксид за цел еден тон! За кратки патувања препорачуваме одење пешки или возење велосипед – ова ќе ви помогне да го подобрите вашето здравје и да го намалите јаглеродот. Возење 1,5 км велосипед наместо автомобил = 290 g CO2eq помалку во воздухот, наведуваат од Град Скопје.

Возењето велосипед, исто така, посочуваат, може да биде забавна и социјална активност со ниска употреба на јаглерод, за да истражите нови места доколку вежбате. Тоа е одлично за вашето здравје, го намалува загадувањето на воздухот и сообраќајот и ви заштедува пари, порачуваат од Град Скопје.

skopjesoobrakaj

Би можело да ве интересира

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он28/12/2025 - 14:48

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Горан Наумовски26/12/2025 - 18:02

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Горан Наумовски19/12/2025 - 14:16

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он15/12/2025 - 19:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен