Резултатите од тестирањето на фудбалерите во Втората лига-запад за коронавирус потврдиле дека вкупно 13 фудбалери од екипите на ФК Чаклани и ФК Фортуна се позитивни на вирусот, по што Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донела одлука за откажување на бараж натпреварите за пополнување на Втора МФЛ – Запад.
Според пропозициите, ждрепката ќе одлучи која од трите екипи, ФК Чаклани, ФК Фортуна и ФК Велешта ќе обезбеди место во Втора МФЛ – Запад за натпреварувачката сезона 2020/21.
Откако ќе бидат добиени резултатите од тестирањето за коронавирус на екипите на ФК Росоман и ФК Слога Виница, Натпреварувачката комисија ќе одлучува во однос на одигрувањето на натпреварот за пополнување на Втора МФЛ – Исток, велат од Фудбалската федерација.