Филипче: Кризата со коронавирусот повторно ескалираше насекаде на Балканот

Од:

Во изминатите десет дена кризата со коронавирусот повторно ескалираше насекаде на Балканот. Според официјалните податоци во Србија во последните седум дена се бележат по 300 случаи на ден, во Бугарија над 150, во БиХ над 170, Хрватска 86, Црна Гора 57, Албанија речиси 70 и во Косово над 100 случаи на ден, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека Светската здравствена организација информираше дека 60 проценти од случаите од 10 милиони пациенти ширум светот се регистрирани во јуни. Ова, појасни, значи дека насекаде има нов бран, кај нас дојде порано.

– Мислам дека многу рано го детектиравме, а сега се јавува во сите земји од нашето опкружување. Тоа е директна последица на попуштањето на рестриктивните мерки и на непочитување на мерките за лична заштита. Состојбата во светот потврдува дека првичните предвидувања на светските здравствени авторитети дека вирусот во текот на летото ќе исчезне практично не се остварија. Во последните денови светската статистика говори дека има пикови на новозаразени и починати и тоа е уште една потврда дека вирусот е тука, ќе остане очигледно подогло време, а ние мораме да бидеме подготвени, рече Филипче.

Мора да го подготвуваме здравствениот систем, да ги почитуваме мерките за лична заштита, да се навикнеме на новата реалност, што значи продолжување на сите активности, но со почитување на мерките за лична заштита, нагласи министерот и додаде дека мора да прифатиме дека оваа реалност можеби ќе трае и подолго од тиа што првично сите земји во светот го очекуваа.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски