Околу 10:15 часот се слушнала експлозија, велат сведоците, по што почнал да врне бетон. Пумпата на „Македон Бетон“ пукнала од 8-от кат на новиот објект што се гради веднаш спроти „Тренд“.
Многу од минувачите, кои се исто таму и чекаат да дадат изјави пред полицијата, се покриени со тазе бетон од глава до петици.
Кафулето Тренд и сите маси се покриени со бетон и камења, а и дел од вработените се испрскани со тазе бетон.
Споменикот на Ченто, пак, куртулил, и не е испрскан.
ФОТО: Вечер