(ВИДЕО) Жерновски: Центар нема да дозволи да биде филијала на власта

Од:

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски нема да дозволи централната власт општина Центар да ја третира како своја филијала.

„Не само оваа централна власт туку и било која не може да го прави ова, не може да прави ништо зад грбот на граѓаните. Мораториумот за проектот Скопје 2014 значи да не се дозволи понатамошна узурпација на општината и земјиштето. Повеќе нема да се продолжи со самоволието. Општината не може да биде послушник на власта“, рече Жерновски.


Одговарајќи на новинарско прашање, за ставот на власта дека доколку се стопира проектот ќе се плаќаат пенали, Жерновски одговори дека не сака да дојде до тужби, но рече мора некој да направи нешто за да се запре со самоволието и да се види фактичката состојба на Скопје 2014.

„Ревизијата мора да биде достапна до граѓаните. Ревизијата ќе покаже и дали е точен отчетот на поранешниот градоначалник и на министерството, за да можат граѓаните да дознаат каде отидоа нивните пари“, изјави Жерновски.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец