(ВИДЕО) Жерновски: Верувале или не, власта за 100 евра продава m² во Центар

Од:

Раководството на општина Центар направи ревизија во врска со спорните локации спроти хотел Бристол. Градоначалникот Андреј Жерновски рече дека револтот на граѓаните е сосема оправдан.

Објектот каде што се исекоа дрвата по решението на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, каде треба да никне високо катница за административни простории, целосно е во надлежност на центаралната власт.

„Дојдовме до изгледот на катната гаража во барок стил. Таа требаше да има три нивоа, под земја и девет над земја, со што целосно ќе се затвореше просторот. Донесов одлука за стопирање за изградба на катната гаража. Цената за метар квадратен за кој власта го продаде овој простор е верувале или не 100 евра. За споредба цената кај Веро маркетот е 500 евра“, рече Жерновски.


Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила