Демонстрантите во Балтимор во текот на ноќта ја собориле статуата на Кристофер Колумбо и ја фрлиле во Атлантскиот океан.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека демонстрантите користеле јажиња за да ја турнат статуата во близина на квартот Мала Италија, а потоа делови од неа фрлиле во вода.
Baltimore’s Columbus statue gets dumped in the harbor pic.twitter.com/ZwuNcqAH6d
— J. M. Giordano photo (@jmgpix) July 5, 2020
Американските медиуми наведуваат дека статуата била поставена во 1984 година и е во сопственост на градот.
За време на протестите заради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во текот на полициско приведување, цел на напади беа статуите на Колумбо и други личности од времето на колонијализмот.
Тие наведуваат дека славниот истражувач е одговорен за геноцидот и експлоатацијата на домородците во Северна и Јужна Америка.
Статуите на Колумбо досега се урнати или вандализирани во неколку американски градови, вклучувајќи ги Мајами, Бостон, Ричмонд и Сент Пол.