Хрватска денес гласа, десетти парламентарни избори од независноста

Од:

Во Хрватска денеска се одржуваат избори за 10-тиот состав на хрватскиот Сабор (парламент) од стекнувањето на независноста, за кои експертите велат дека се најнеизвесните досега.

Според најновите истражувања, мала, но, сепак, некаква предност за победа на изборите и се дава на коалицијата од партии „Рестарт“, собрани околу опозициската левичарска Социјалдемократска партија (СДП), чиј претседател е Давор Бернадиќ.

Бернардиќ го замени актуелниот хрватски претседател Зоран Милановиќ на функцијата претседател на СДП, кој беше надвор од политиката некое време, до неговиот избор на новата функција кон крајот на минатата година.

Втора, според анкетите на јавното мислење, е Хрватската демократска заедница (ХДЗ), на  актуелниот премиер Андриј Пленковиќ. Станува збор за партија на десниот центар, за која се проценува дека добила сериозна конкуренција во десничарското движење „Домашна татковина“, формирана од пејачот Мирослав Шкоро, поранешен кандидат за хрватски претседател, кој не влезе во вториот круг во конкуренција со избраниот Милановиќ и поранешната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

Редовните парламентарни избори во Хрватска требаше да се одржат во декември годинава, но епидемиолошката состојба поради коронавирусот влијаеше на поинаквата одлука и на избори да се излезе неколку месеци порано.

Хрватскиот парламент брои 151 член, а според проценките на ХРТ, релативен победник во сите 10 изборни единици би можел да биде коалицијата на СДП предводена од Давор Бернардиќ, со 60 места, на второто е таа на Пленковиќ со 54 места, а третата „Татковинското движење“ на Шкоро со 18 мандати.

Коментирајќи ги најновите оценки, аналитичарот Жарко Пуховски оцени дека ХДЗ никогаш не била во толку тешка позиција пред избори, дека, како што рече, паѓа рејтингот на „Татковинското движење“ на Мирослав шкоро и дека  на коалицијата „Рестарт“, на партиите собрани околу опозициската СДП, ќе и биде многу тешко, ако не и невозможно, да собере парламентарно мнозинство од 76 пратеници.

Затоа Пуховски смета дека опцијата за повторување на изборите кон крајот на есента не е невозможна, што му се чини дека е многу лош исход, заради кризата со пандемијата.

Оценувајќи каде ќе бидат потврди постизборните преговори, меѓу левицата или десницата, Пуховски смета дека останува да се види каде тоа воопшто ќе има смисла.

Тој истакна дека ќе биде тешко да се формира стабилно парламентарно мнозинство и дека на Пленковиќ ќе му треба поддршка од малцинските партии доколку ХДЗ формира влада.

Официјално, предизборната кампања траеше само 15 дена, неофицијално многу подолго, а покрај коронавирусот, беше обележана и со два телевизиски дуели на лидерите Пленковиќ и Бернардиќ.

Кој ќе биде победник, ќе одлучат утре граѓаните на Хрватска кои ќе изберат од 192 листи со 2.700 кандидати.

На избирачките ливчиња има 41отсто жени, а просечната старост на кандидатите е 48,6 години.

Во 12-та изборна единица, во која националните малцинства избираат осум пратеници, има  17 кандидати.

Право на глас на овие избори ќе имаат  3,86 милиони избирачи, кои ќе гласаат на околу 7.000 избирачки места во Хрватска и во странство. Изборите ќе ги следат речиси 8.700 набудувачи

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ