Иранските државни служби во иднина нема да обезбедуваат услуги за граѓаните кои нема да носат заштитни маски, а работните средини што не се во согласност со протоколите за здравствена заштита ќе бидат затворени на една недела, соопшти денеска иранскиот претседател Хасан Рохани, најавувајќи ги новите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.
Од утре е задолжително носењето маски во затворени јавни простори и се воведуваат построги рестриктивни мерки во пет ирански провинции кадее е регистрирано зголемувањето на бројот на заразение, пренесуваат британските медиуми.
Рохани во настапот на телевизијата кажа дека државните службеници кои нема да носат маски на лицето, ќе се смета дека не дошле на работа и ќе бидат испратени дома.