Судири меѓу полицијата и стотици илјади демонстранти избувнаа денеска во главниот град на Бангладеш, Дака.
Причина за протестите е уривањето на повеќекатницата во предградие на Дака, при што загинаа најмалку 290 луѓе.
Полицијата мораше да употреби гумени куршуми и солзавец за да ги растера демонстрантите, кои напаѓаа фабрики во главниот град, превртуваа паркирани автомобили, палеа автомобилски гуми и се обидо да запалат неколку продавници.
Демонстрантите бараат апсење на сопствениците на петте текстилни фабрики, кои се наоѓале во урнатата зграда, како и на сопствениците на целиот објект.
Оваа трагедија е најголема досега во земјата и повторно ја отвори полемиката во врска со условите за работа во текстилната индустрија.