Цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа под 43 долари

Од:

Цените на нафтата на меѓународните пазари денеска паднаа под 43 американски долари под притисок на новиот бран на пандемијата на коронавирусот во САД, за кој инвеститорите стравуваат дека може да го попречи закрепнувањето на побарувачката на енергенси.

Цената на барел на лондонската берза падна за 56 центи на 42,56 долари.

На американската берза барелот денеска се тргуваше за 58 центи пониско, односно за 40,07 долари. Берзите вчера беа охрабрени со податоци за 4,8 милиони нови работни места во САД во јуни и расположението беше поддржано со падот на американските залихи на нафта.

Денеска вниманието се префрли на повеќе од 55.000 новозаразени во САД, најмногу од почетокот на пандемијата. Се стравува дека ширењето на заразата може да ги присили компаниите да прекинат со работа.

Би можело да ве интересира

Доларот на најниско ниво во последните три години

Сите берзи се во пад

Катерина Ѓуровски

Остар пад на светските берзи поради ескалацијата на трговската војна

Катерина Ѓуровски

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Нови цени на горивата

Светските берзи драстично паднаа, ФЕД го успорува темпото на намалување на каматните стапки

Катерина Ѓуровски