Нови судири избија денеска во североисточниот и јужниот дел на сирискиот главен град Дамаск, соопшти сирискиот Центар за набљудување на човековите права.
Судирите се водат во северниот кварт Барзе и на југ во околината на палестинскиот бегалски камп Јамрук.
Во источниот кварт Џобар, во кој бунтовниците, контролираат определени зони, исто така има жестоки судири.
Авијацијата на режимот бомбардираа неколкусектори во Гута, источно од Дамаск. Во насилството во земјата вчера загинаа 53 цивили, 27 војници и 50 бунтовници.