Формула 1 се врати и резултатот е ист, Луис Хамилтон беше најбрз во првата слободна тренинг сесија пред Австриското Гран При во недела.
215 дена откако Британецот го помина финалето во Абу Даби и ја крена титулата, новата сезона започна пред празни трибини на „Ред Бул Ринг“ и строги правила поради пандемијата.
Макс Верстапен со Ред Бул, кој победи на претходните две трки, се очекува да биде голем конкурент на Мерцедес и сега, остана трет за 6 десетинки од времето на Луис, откако се заврти на првата кривина.
Карлос Сајнц и Ландо Норис му донесоа ветувачко 4-то и 6-то место на Мекларен, додека меѓу нив се најде Серхио Перез со Рејсинг Поинт. Ферари даде само 10-то и 12-то време, но Себастијан Фетел и Шарл Луклер работеа со потешки гуми и фокусот на тимот беше далеку од брзината, вториот тренинг е попладнево.