Индискиот премиер Моди во посета на воената база близу кинеската граница

Од:

Премиерот на Индија Нарендра Моди денеска оствари ненајавена посета на воената база „Ниму“ во регионот Ладак, што граничи со Кина, каде речиси два месеца имаше конфронтација помеѓу двете страни.

Моди на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија придружен од високи генерали, како разговараат во камуфлажен шатор со припадници на индиската армија.

„Јас комуницирам со нашите храбри борци од вооружените сили“, стои во текстот под фотографијата.

„Да живее мајка Индија!“ – Со тие зборови премиерот го започна својот говор, што траеше 26 минути. „После секоја криза, Индија излегува посилна“, нагласи тој. Премиерот со пофалби зборуваше за храброста на индискиот војник, кој му испрати порака на светот за моќта на Индија.

„Слабите никогаш не можат да постигнат мир, само силните успеваат,деновите на експанзионизам завршија. Истиот го загрозува светскиот мир. Сега е ера на развој. Експанзионистичката моќ е поразена и принудена да се повлече“, рече тој алудирајќи на кинеската страна.

Подоцна, индискиот премиер ја посети воената болница, каде оствари средба со повредените војници од претходно настанатите судири на границата.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски