Одобрени приоритетите за соработка меѓу С. Македонија и ОН за 2021-2025

Од:

Заедничкиот Управен одбор за соработка помеѓу Република Северна Македонија и Обединетите нации на состанок одржан денеска во проширен состав, ги разгледа и одобри стратешките приоритети и резултати за претстојната Рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации (ОН) 2021-2025.

Состанокот е значаен исчекор во консултативниот процес на Рамката за соработка во насока на целосно усогласување со националните приоритети за одржлив развој и по дополнителни консултации во август и септември годинава, таа ќе биде заеднички одобрена од Обединетите нации и од Владата на Северна Македонија.

Како што истакна државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Зоран Попов целта на денешниот состанок беше размена на мислења за стратешките области за соработка и посакуваните резултати во наредните пет години.

– Тоа што сакаме да го постигнеме е промена што е одржлива, видлива за крајните корисници – нашите граѓани, што ќе резултира во подобра правна рамка и поефикасни и поодговорни институции, потенцира Попов.

Рамката за соработка за одржлив развој на Обединетите нации е клучен документ за Светската организација во земјава, претставувајќи ја колективната понуда на системот на ОН за поддршка на државата во остварување на целите за одржлив развој и Агендата 2030.

Според постојаниот координатор на ОН во земјава, Росана Дуџак, Рамката за соработка не е само алатка за одговорност помеѓу ОН и Владата, туку и заложба кон граѓаните на државата, особено оние што се најранливи и на маргините.

– Обединетите нации се радуваат на продолжувањето на заедничките напори во наредните години за да ја доближат Северна Македонија до остварување на своите развојни цели, рече Дуџак.

Со цел Рамката да ги рефлектира интересите и приоритетите на сите луѓе во државата, таа се изработува во партиципативен и консултативен процес, почнувајќи од анализа на контекстот на развој во земјата, стратешката приоритизација и нејзина операционализација преку годишните планови на OН агенциите и вклучените партнери.

Новата Рамка за соработка за одржлив развој 2021-2025 ги рефлектира исто така и повиците на генералниот секретар на ОН за забрзана акција во исполнување на Агендата 2030 преку Декадата за акција.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство