Вооружен маж со автоматска пушка „Калашников“ уби тројца случајни минувачи во градот Истр, во близина на Марсеј во јужниот дел на Франција.
Напаѓачот, кој се опишува како 19-годишен Французин, отворил оган врз автомобил и пешаци во станбена зона во градот Истр.
Жртвите се тројца мажи на возраст од 60, 45 и 35 години, а лесно била повредена и една 55-годишна жена. Полицијата го уапсила напаѓачот, кој изјавил дека дејствувал во името на терористичката организација Ал Каеда, објави францускиот весник „Фигаро“.
Медиумите наведуваат дека момчето и било познато на полицијата поради поседување на оружје и се лекувало на психијатриска клиника.
На местото на инцидентот веднаш пристигнал францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс, кој вети спроведување на широка истрага.